Како да ја совладате уметноста на убедувањето

УбедувањеСекој човек има своја тактика за да се избори за она што го посакува. Но, понекогаш не е доволно само да имате тактика. Убедувањето е цела уметност, заснована на триковите на комуникацијата. Ако успеете да ја совладате, тогаш светот ќе ви биде на дланка.

Секој човек има своја тактика за да се избори за она што го посакува. Но, понекогаш не е доволно само да имате тактика. Убедувањето е цела уметност, заснована на триковите на комуникацијата. Ако успеете да ја совладате, тогаш светот ќе ви биде на дланка.

Убедување1. Започнете ги нештата

Многу е поверојатно дека некој ќе заврши некоја работа, доколку веќе е започната. Почетоците се тешки, затоа што бараат повеќе мотивација. Ако на пример сакате вашиот партнер да ги измие садовите, започнете со чистење на приборот, па замолете го да ви се придружи.

2. Користете го магичниот збор „замисли“

„Знам дека ќе биде тешко, ама замисли колку ќе ни олесни доколку го завршиме ова вечерва, пред да си одиме дома“. Имагинацијата е моќно нешто што создава слика слика во умот на оној кој се двоуми. Тоа го тера да се замисли за последиците од она што треба да се направи.

3. Потенцирајте ја можната загуба

Доколку не можете да го оддалечите вашиот партнер од телевизорот (фудбал / турски сапуници), наместо да му наметнувате вина, да се жалите оти не ви посветува доволно време или нешто слично, потсетете го дека тоа ви е последна шанса да излезете некаде заедно и да прошетате, зашто наскоро ќе залади. Луѓето побргу реагираат на евентуалната загуба на нешто, отколку на потенцијалната добивка.

4. Бидете првиот што ќе даде нешто

Сите луѓе се психолошки условени да возвраќаат услуги, поради грижата на совест. Токму затоа кога ќе ја платита првата тура пијачки, некој друг ќе посегне по паричникот за втората. Доколку сакате да убедите некого, направете некој гест кој навидум изгледа неповрзан и гледајте на тоа како на инвестиција. Потоа ќе им биде многу потешко да ве одбијат.

5. Барајте повеќе одошто ви е потребно

Луѓето чувствуваат вина кога ќе одбијат некое барање. Затоа, кога ќе го поставите второто барање кое ќе биде помало (а токму онолку колку што ви е потребно), нема да можат да ве одбијат по вторпат, особено затоа што ќе им се чини како да се сте попуштиле, а тие поминале лесно.

6. Насмејте ги

Прочитајте и:  На денешен ден е роден академикот Васко Ташковски, претставник космичките теми во македонската ликовна уметност

Ако сакате да бидете убедливи, секогаш надградувајте ја смислата за хумор. Џон Клиз, комичарот од Монти Пајтон вели: „Ако ве натерам да се насмеете со мене, ќе ви се допаднам повеќе, што ќе ве направи отворени за моите идеи. А, ако успеам да ве убедам да се насмеете на одредена моја поента, со самото смеење, ја прифаќате како точна“. Ова е сосема точно. Луѓето секогаш се смеат на нешто, кога од која било причина се идентификуваат себеси со (дел од) кажаното.

7. Заменете го „јас“ со „ние“

Истражувањата покажале дека користењето на личната заменка „ние“ при убедување функционира далеку подобро отколку сите останати приоди, вклучително и заканите: „Ако не го сториш тоа, тогаш јас ќе…“ и љубезното: „Би требало да го направиш ова, поради следниве причини…“ Кога луѓето ќе чујат „ние“ во реченицата, тоа им дава чувство на припадност, заедништво и поддршка.

8. Потпрете се на мнозинството

Ако се обидете некого да натерате да штеди енергија во домаќинството, речиси секогаш ќе бидете неуспешни, освен ако им ги покажете сметките на соседите кои веќе штедат. Луѓето се ориентирани кон барање репер во сличните на себеси. Токму затоа, посочете му на оној што сакате да го убедите да направи нешто оти некој друг тоа успеал да го нарпави без мака.

9. Користете позитивни етикети

Кога сакате некој да заврши некоја работа, потсетете го на некој негов претходен успех: „Одлично го направи тоа, сигурен сум дека следниот проект ќе ти биде уште подобар“. Секој човек реагира позитивно доколку неговите успеси бидат забележани и тој биде пофален за нив.

10. Темпирајте ги барањата

Понекогаш не се работи само за тоа што ќе побарате, туку и кога ќе побарате. Луѓето се најубедливи откако некој ќе им се заблагодари за нешто, а најмногу се подложни на убедување откако ќе се заблагодарат. „Нема на што. Патем, се надевав дека ќе можеш да ми помогнеш со…“ [Mastering the Art of Persuasion]

- Реклама -