Зошто мажите не зборуваат?

МажиМашкиот пол отсекогаш е сметан за молчалив, затворен и груб. Постојат неколку добри причини зошто е тоа така.

Машкиот пол отсекогаш е сметан за молчалив, затворен и груб. Постојат неколку добри причини зошто е тоа така.

МажиМажите се исплашени

Неоспорен факт е дека жените се експерти за комуникација. Можат да зборуваат во секое време, за што било, можат да менуваат теми, просто кажано жените жонглираат со зборови. Свесни се за околината, поврзани со емоциите, ги читаат луѓето и постојано ги вежбаат своите комуникациски способности меѓу себе.

Мажите се свесни за ова, а свесни се и за тоа дека најчесто се инфериорни во игрите со прашања и одговори. Мажите се плашат да го кажат погрешното нешто, што најчесто им носи многу проблеми.

Мажите сакаат да се опуштат

Според жените, откако мажот ќе си дојде од работа, веднаш треба да започне разговор со неговата партнерка, затоа што немале директна комуникација веќе 10 часа. Нормално, 10 пораки, 8 мејлови и разговорот по телефон за време на ручекот не се важат.

Од друга страна, откако мажот минал 10 часа на работа и во патување, сака кога ќе пристигне во домот, едноставно да се опушти, да јаде, да влезе во бањата, да гледа телевизија итн. Па кога во домот ќе биде пречекан со барање за разговор, во ситуација кога сака само да си посвети време себеси, единствениот излез му е повлекување во молк.

Мажите се поудобни кога дејствуваат

Мажите љубовта ја изразуваат на практичен начин. Им прават услуги на своите партнерки, им подаруваат цвеќиња, им го препуштаат изборот на забавата итн. Дури и кога зборуваат за љубовта, тоа сакаат да го направат на практичен начин. Така на пр., повеќе би зборувале за долгорочни планови (како на следниот заеднички одмор), отколку да влезат во монолог во кој ќе ја опеат љубовта. Обата разговора го имаат истото значење, само што едниот ја прикажува љубовта преку дела, другиот преку поезија. А мажите ретко кога сакаат поезија.

Токму затоа мажите многу повеќе зборуваат во канцеларија (практичниот универзум), отколку во домот (замокот изграден врз основите на чувствата). Доколку сакате вашиот маж повеќе да комуницира со вас, сменете ги за нијанса темите на разговор. Направете ги попрактични и повеќе во допир со реалноста.

Мажите не сакаат да бидат испрашувани

Кога на мажите не им се зборува, а жените бараат повеќе разговори, се случува истото што се случува во полициските станици. Полицаецот притиска, а сведокот што молчи, пропаѓа во уште подлабок молк, што прави полицаецот да поставува уште повеќе прашања. И така до недоглед.

Најголем дел од мажите не би сакале да зброруваат повеќе за себе отколку што тоа го прават во моментот. Тоа не мора да значи дека кријат нешто, туку едноставно дека не се чувствуваат удобно да зборуваат за себеси. Доколку сакате да дознаете повеќе нешта за него, оставете му простор да почувствува дека има контрола во разговорите. Доколку не е нападнат со прашања, типичниот маж за брзо време ќе се ослободи и ќе се отвори и ќе ги раскаже сите нешта што му тежат.

- Реклама -