Хакни го мозокот до поздрава исхрана

Здравата исхрана не е само прашање на силна волја и апетит; понекогаш правиме и несвесни, ненамерни одлуки во однос на храната. Постојат истражувања што предлагаат да користиме одредени типови храна, наречени тригер храна, кои всушност го поплочуваат патот кон подобри и поздрави избори.

AS_Dining_Buffet-new

Според Брајан Вансинк, професор по потрошувачко однесување на Корнел, спроведените истражувања на она што се нарекува тригер храна доведуваат до одредени заклучоци за однесувањето на гостите на настани кои вклучуваат богата трпеза. Вансинк образложува дека првата храна што луѓето ќе ја видат на богатата трпеза, може битно да влијае врз изборот на она што ќе преферираат да го јадат во понатамошниот тек на настанот, дури и да не земале од таа храна. Така, ако прво што видат е чинија со свежо овошје, веројатноста е голема да земат овошје наместо месо и тестенини. Ако наместо тоа видат добро подготвено месо, гостите во голема мера ќе преферираат месо наместо овошје.

Mini-Fridge-Reviews

Истото можете да го направите и дома. Погрижете се првата храна што ја гледате и служите да биде најздравата храна на трпезата. Послужете го зеленчукот прв, а не заедно или по тестенините, на пример.

Слично, чувајте ја свежата храна секогаш на видик и на дофат во предниот дел на ладилникот, придонесувајќи за поздрави избори на храна во текот на денот.

Можеби звучи како премногу едноставен трик, но најдобрите најчесто се.

- Реклама -