Моделот поседува повеќе аеродинамични елементи наменети за екстериерот, а има модификации и во ентериерот.
Mercedes ја откри најновата верзија CLA45 AMG – Edition 1. Моделот ги нуди типичните AMG белези во графитносивото издание. Од промените треба да се споменат модифицираните странични прагови, црн заден спојлер, хромирани елементи на издувниот систем и специјални 19-инчни алуминиумски тркала AMG со мулти дизајн, решени во мат црна боја. Кабината на Edition 1 е опремена со управувач преслечен во алкантара, тапацир во две бои – црна и црвена, и вообичаените AMG детали.
Mercedes CLA45 AMG Edition 1 ќе се движи од стандардниот 2.0 литарски четирицилиндерски агрегат, со моќ од 355 КЅ, во спрега со 7-степен менувач со двојна спојка и лостови на воланот. Моќноста се испраќа до сите тркала преку системот 4MATIC.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус