Со гол и асистенција, Нејмар беше главниот играч на Бразил во победата од 2-0 над Мексико во второто коло од Купот на Конфедерациите.
Бразил ја забележа и втората победа во Купот на Конфедерациите со што обезбеди учество во полуфиналето, овој пат домаќинот го совлада Мексико со 2-0.
Натпреварот беше отворен уште во 9. минута кога Нејмар постигна гол со волеј за водство на Бразил од 1-0.
Брзо потоа натпреварот го загуби воведното темпо, и до самиот финиш се играше главно помеѓу двата шеснаесетника, без посериозни шанси за погодок.
Во 93. минута нов блесок на Нејмар, овој пат убав дриблинг и асистенција до Жо кој реализираше за конечни 2-0.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал