Audi ќе го претстави новиот Quattro есенва

Audi ќе го претстави серискиот модел, наследник на легендарниот автомобил од почетокот на 80-тите – Sport Quattro, оваа есен, соопштуваат германските медиуми.

Возилото, со кое догодина ќе се одбележи 30 години од неговото лансирање на првата генерација, ќе биде премиерно претставено за време на саемот во Франкфурт. Всушност ќе биде прикажан неговиот заменик, кој ќе биде надграден врз спортскиот концепт Quattro кој го видовме во 2011 година, и ќе има агресивен дизајн.

477_audi-470-1

Според информациите на инженерите на Audi направен е развој врз лесни легури, јаглеродни влакна, алуминиум и магнезиум. Со нивна помош тежината на моделот не би требало да надминува 1.300 килограми. Под хаубата на новото Quattro ќе биде монтиран 4.0-литарски V8 мотор со два турбополначи и моќност до 650 КЅ. Со помош на погонот на четири тркала, по што и моделот го добил името, до стотка ќе забрзува за 3,4 секунди.

539_audi-470

Автомобилот ќе биде опремен со карбон-керамички сопирачки, спортско подвозје со индивидуализирани амортизери и заден диференцијал со агресивни поставувања.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -