Од Аеродром за два месеца отстранети 400 тони отпад до „Дрисла“

Од подрачјето на Општина Аеродром во септември и октомври биле собрани и транспортирани 400 тони мешан отпад до „Дрисла“.

0
Од Аеродром за два месеца отстранети 400 тони отпад до „Дрисла“ (Опсервер)
Фото: Опсервер

Во септември и октомври од подрачјето на Општина Аеродром биле собрани и транспортирани 400 тони мешан отпад до депонијата „Дрисла“.

Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности секојдневно се на терен и отстрануваат кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини.

Реклама

Од Општина Аеродром информираат дека на граѓаните им е достапна услуга за подигање отпад директно од домовите и негово соодветно и безбедно транспортирање до „Дрисла“ за симболичен надоместок.

Оттаму апелираат граѓаните да не создаваат диви депонии, да ги користат достапните комунални услуги и да придонесат за почиста општина.