Таткото на Кавани: Мојот син сака да игра за Реал

Таткото на Единсон Кавани вели дека напаѓачот сака да го носи дресот на ’Кралевите’.

Вчера мајката на Уругваецот за медиумите откри дека играчот бил во контакт со Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Денеска на оваа тема проговори и таткото на Единсон Кавани, кој вели дека неговиот син сака да го носи дресот на ’Кралевите’.

„Намерата на Еди е да игра за Реал Мадрид“ – рече Луис Кавани.

„Возбуден е од ваквата помисла и навистина сака да се реализира една ваква зделка“.

„На семејството му соопшти дека сака да се пресели во Реал Мадрид, но јавно не сака да говори за ова со цел да не го налути Наполи“.

„Остварен е контакт со Реал, одржан е разговор со адвокати на тимот од Мадрид, па сега треба двата клуба да се сретнат“.

„Се надевам дека преговорите ќе започнат што поскоро и двете страни ќе пронајдат заеднички јазик. Кој не би сакал да игра за Реал Мадрид?“

„Наполи бара околу 65 милиони евра и нема да се задоволи со ништо помалку“.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -