Ѓурѓај и Ѓорѓевиќ за соработка во заштитата на малцинските права

Никола Ѓурѓај и д-р Љубица Ѓорѓевиќ разговарале за правата на македонското малцинство во Албанија и за унапредување на соработката.

1
Ѓурѓај и Ѓорѓевиќ за соработка во заштитата на малцинските права (Проверено)
Фото: Проверено

Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, и д-р Љубица Ѓорѓевиќ од Европскиот центар за прашања на малцинствата разговарале за правата на македонското национално малцинство во Албанија и за унапредување на меѓусебната соработка.

На средбата биле разгледани состојбата и остварувањето на правата на националните малцинства, со посебен акцент на македонското национално малцинство во Република Албанија. Разговарано било и за воспоставување и натамошно унапредување на соработката, размена на искуства и заеднички активности во областа на заштитата на правата на националните малцинства.

Реклама

Средбата се одржала во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн, посветен на зајакнување на општествената кохезија и заштитата на правата на малцинствата во Западен Балкан.

По повод средбата, Ѓурѓај ѝ подарил на Ѓорѓевиќ примерок од македонскиот весник „Илинден“, наменет за библиотеката на Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во објавата се наведува дека средбата била можност за размена на мислења и искуства, зајакнување на меѓусебното разбирање и поттикнување на идната соработка.

Реклама

Македонското друштво „Илинден“-Тирана продолжува со активности насочени кон заштита и афирмација на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и кон зачувување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и традиција.