Новата Renault Laguna ќе има драстични измени

Според зборовите на Карлос Таварец, новата генерација на Laguna ќе има многу тешка задача, во целост да ги поправи грешките на претходната.

545_Renault-Laguna-470-1

Главниот извршен директор на Renault, Карлос Таварес, призна дека сегашниот дизајн на Laguna се одразува негативно на продажбата на моделот. Од Renault признаа дека Laguna нема трендовски изглед и има некои недостатоци кои ги прават конкурентни нејзините ривали во сегментот. Според него дизајнот на класичната верзија има многу негативно влијание врз продажбата, а ова фрла сенка на мошне стилски привлечните варијанти Coupe и мошне практичната караванска изведба- Estatе.

861_Renault-Laguna-470-2

Следната генерација на Renault Laguna треба да поправи многу грешки, смета Таварес. Според него моделот ќе се појави во 2014 година или 2015 година со силен карактер, но без „чудни црти“.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -