Први скици за новиот Nissan Terrano

Индиската филијала на Nissan ја објави првата официјална скица на новата генерација на класичниот теренец Terrano.

Според официјалното соопштение на компанијата, новата генерација на моделот ќе биде луксузен SUV, кој ќе биде лансиран на пазарот на крајот на оваа или почетокот на следната година.

-За мене е чест да истакнам дека се враќа едно големо име во нашата гама и еве ја првата скица на она што ќе биде исклучително важен модел за Nissan, истакна Кеничиро Јомура, претседател и извршен директор на Nissan Motor India.- Како што веќе може да видите Terrano поседува атрактивен и препознатлив дизајн, за кој сум убеден дека ќе се допадна на потенцијалните купувачи, како и одлично однесување на патот и многу други позитивни елементи кои детално ќе ги претставиме во најскоро време.

856_Terrano-Official-470-1

Скицата го открива само предниот дел на возилото, која има блискост со трендот на SUV палетата на јапонската марка. Сеуште не е познато како изгледаат задниот дел и внатрешноста, но се очекува измените и таму да бидат строги. Што се однесува до моторите, тие ќе бидат слични со оние на Duster: 1.6-литарски бензински со 105 КЅ и 1.5-литарски дизел, нудејќи моќност до 110. Истото се однесува и до погонот – само на предните или на сите четири тркала.

Duster кој на различните пазари се продава под брендовите Renault и Dacia, е повеќе од успешен за Алијансата Renault-Nissan. Само во Индија за изминатата година се реализирани 60.000 примероци, што ја објаснува одлуката на јапонската марка да користи платформата на Duster за својот Terrano.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -