По кој знае кој пат се фаќате за глава затоа што сте ја уништиле вашата омилена маица во машината за перење алишта? Не тагувајте – постои решение!
Методот со кој ќе го спасите омиленото парче гардероба е следен:
Чекор 1: Во млака вода со шампон за бебиња потопете го парчето облека што се собрало. Влакната и ткаенината на тој начин ќе се опуштат
Чекор 2: Извадете ја облеката од вода и без стискање исцедете ја
Чекор 3: На голем пешкир ставете ја облеката како да ја спремате за пеглање
Чекор 4: Замотајте ја во пешкирот и оставете неколку минути ткаенината да го впие вишокот вода. Облеката мора да остане влажна, но не и мокра
Чекор 5: Спуштете ја облеката на нов, сув пешкир, а потоа нежно почнете да ја растегнувате, рамномерно на сите страни
Чекор 6: Кога ќе се врати во првобитната големина, може да престанете со растегнување и да пуштите природно да се исуши на пешкир