Видеоигрите носат поагресивно возење

_gamesvidepppЛуѓето што играат видеоигри и возат различни тркачки автомобили се
посклони кон порискантно и непромислено возење на улиците и кон правење
инциденти, покажува истражувањето спроведено во Германија.

_gamesvide0Луѓето што играат видеоигри и возат различни тркачки автомобили се посклони кон порискантно и непромислено возење на улиците и кон правење инциденти, покажува истражувањето спроведено во Германија.

Видеоигрите придонесуваат кон тоа играчите слично да се однесуваат и на улиците во градовите, да возат рискантно, слично како на видеоигрите, сакајќи да го наметнат истиот стил на возење како и во видеоигрите.

„Возачките активности во овие игри често вклучуваат натпреварување и непромисленост, големи брзини и излетувања и удирања во други возила или пешаци, или рискантно возење. Таквите игри често можат да влијаат врз човекот на слично однесување и во реалноста и создавање инциденти или судири“, се вели во истражувањето.

Во испитувањето учествувале 198 мажи и жени.Оние што почесто играле, повеќе ги привлекува поагресивното и рискантно возење и вмешување во автоинциденти. Ако играте поретко тогаш сте и повнимателни, се вели во истражувањето. Следното истражување покажало дека мажите што барем еднаш играле видеоигра со возење тркачки автомобили почесто влегуваат во ризични сообраќајни ситуации во видеоиграта од оние што играат друг тип видеоигри.

 

виа.

 

- Реклама -