Samsung ќе воведе големи промени во дизајнот

Корејската компанија во последно време е силно критикувана за дизајнот на нивните уреди кој постојано се повторува како и за недостигот од премиум материјали кај наскапите смартфони како Samsung Galaxy S IV.

Затоа директорите на Samsung ќе одржат работна конференција наречена Design 3.0 во Сеул. Целта е да се применат забелешките на корисниците и пред се на експертската јавност за употребата на пластика која дава чуство на неквалитет, но и да се воведат нови есетески решенија.

Samsung освен промени во надворешниот изглед ќе ја разгледува можноста заедно со нив да следат и измени во софтверот и корисничкиот интерфејс за да се добие една целосна естетска слика.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -