По некое затишје во глобалната мрежа се појавија нови детали за идниот спортски модел Mercedes-Benz SLC, кој ќе треба да им конкурира на ѕверки од рангот на Porsche 911.
Изданието Worldcarfans тврди дека развиен како заменик на SLS AMG моделот, новиот ќе биде изграден врз алуминиумска платформа. Каросеријата ќе е тип купе, а агрегатската понуда ќе има три мотори, кои ќе работат исклучиво на бензин.
Еден од нив ќе биде 4,0-литарски V8 со две турбини и моќност од 485 КЅ Истиот мотор ќе биде достапен во уште во две варијанти на моќ – верзијата S ќе се потпира на 550 КЅ, а модификација Black Series ќе има дури 585 коњи.
Се очекува Mercedes-Benz SLC да биде на располагање на дилерите во 2016 година, а неговата цена ќе стартува ориентационо од 110.000 евра.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус