Летечка јахта дизајнирана од Јелкан Октури

јахтаФантастични вселенски летала или инсектоидни летечки јахти не се ништо ново за Јелкен Октури, но овој пат дизајнерот ги надминал сите негови претходни креации со неговиот дизајн за нова летечка јахта.
 

јахтаПогонот се состои од Nissen & Brasseur мотори со четири двојни пропелери, кои ќе ѝ овозможат на засега неименуваната јахта да достигне брзина од околу 390 километри на час кога четирите огромни едра ќе се спуштат за да станат крила. Но дизајнот на Октури не е само површински – јахтата има доволно простор за да ги задоволи потребите на оние кои бараат краток одмор за викендот.
јахтаЈахтата има две палуби и е опремена со кујна, има главна соба, тоалет, и просторија за складирање на сè што ќе му е потребно на сопственикот. На прв поглед јахтата изгледа како компјутерски генериран дизајн, едноставен концепт, но за разлика од останатите креации на Октури, оваа летечка јахта е вистинска и во моментов е во производство во фабрика на Aerocoché во Франција.
јахтајахтајахтајахтајахтајахтајахта

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -