НАСА претстави три концепти за тивки, ефикасни авиони кои би можеле да бидат готови за нивниот прв лет до 2025 година. Трите концепти се дизајни на Локхид Мартин, Нортроп Груман и Боинг.
Во последните месеци на минатата година овие компании добиле финансии од НАСА за истражување и тестирање на концептите во текот на оваа година. Според НАСА: „Секој дизајн мора да лета со брзина до 85 проценти од брзината на звукот, да може да помине околу 11.300 километри, и да носи помеѓу 22.500 и 45.500 килограми во форма на патници или товар. Во текот на оваа година, секој тим ќе истражува, тестира, симулира, и интегрира иновации и технологии со цел нивниот дизајн да победи.“
Northrop Grumman
Целта на НАСА е да развие дизајн за супер-авион кој ќе биде поголем, побрз, потивок и ќе согорува помалку гориво со помалку штетни гасови од денешните комерцијални авиони.