
Судот ги прифатил предложените сведоци во судењето за деветтемина полицајци обвинети за трагедијата во „Пулс“ во Кочани. Сведоците треба да бидат повикани и сослушани на 17 ноември, а на следното рочиште, закажано за 14 ноември, одбраната треба да почне со изведување материјални докази.
Според обвинителниот предлог, полицајците не ја извршиле службената должност и не направиле целосна и детална проверка во постапката за издавање позитивна согласност за лиценца за вршење угостителска дејност на кабарето „Пулс“ во Кочани.
Судот ги прифатил предложените сведоци, кои треба да бидат повикани и сослушани на 17 ноември. Следното рочиште е закажано за 14 ноември, кога одбраната треба да почне со изведување материјални докази.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувнал во раните утрински часови на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК. Во пожарот загинале 63 лица, а повеќе од 200 биле повредени.



