Интер потврди дека Андреа Страмачони повеќе не е тренер на тимот, на негово место доаѓа Валтер Мацари.
Она што се очекуваше, сега и официјално е потврдено, Валтер Мацари е новиот тренер на Интер.
Преку официјалниот сајт на клубот, Интер го потврди отказот на Андреа Страмачони и доаѓањето на Валтер Мацари кој потпишал две годишен договор со Нероазурите.
„Жал ми е за Страмачони” – изјави претседателот Масимо Морати.
„Го одбрав Мацари и се надевам дека тој ќе биде најдобрата опција”.
Во соопштението Интер му се заблагодарува на Страмачони за посветеноста и професионализмот кој го покажал во тешката година за клубот.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал