Колаче што менува вкусови (видео)

КолачеИстражувачите од Универзитетот Токио изработија направа која на обичните колачиња им дава различни вкусови. Почетокот на развојот на оваа технологија можеби е крајот на концептот на вкусовите, какви што ги знаеме.

Истражувачите од Универзитетот Токио изработија направа која на обичните колачиња им дава различни вкусови. Почетокот на развојот на оваа технологија можеби е крајот на концептот на вкусовите, какви што ги знаеме.

КолачеЧувството за вкус се оформува со помош на неколку сетила (покрај она за вкус, тука се и видот и мирисот), во комбинација со некои други фактори, како што е меморијата. Оттаму, постои голем простор за манипулација со вкусовите.

На Конференцијата за компјутерска графика и анимација во Лос Анџелес, Тајуки Наруми и колегите од Универзитетот Токио претставија направа која на едно колаче може да му даде 7 различни вкусови.

Прототипот од уредот користи технологија за засилена реалност, во комбинација со пумпа за воздух што вбризгува мирис на вкусот кој треба да го почувствувате, пред вашиот нос. Колачето што треба да го изедете се жигосува со лого, што уредот го препознава со вградената камера и потоа ја активира „измамата“ на мозокот. Во тој момент, добивате слика од текстуратата на колачето со избраниот вкус, како и неговиот мирис. Иако всушност јадете обично колаче, ќе добиете чувство дека тоа има специфичен вкус.

{youtube}si32CRVEvi4{/youtube}
Развојот на оваа технологија, во комбинација со репликаторите за храна кои полека стануваат реалност, можат сосема да го изменат начинот на кој ја доживуваме храната. [Future on display: the flavour-changing cookie]

- Реклама -