Решете ги овие проблеми со здрава исхрана

Не можете да спиете? Пред да се „ наполните“ со лекови, прошетајте се до кујната. Дознајте како одредени производи можат да ви помогнат кај одредени медицински проблеми, и тоа многу подобро од лекарствата.
Свежата храна е најмоќниот лек на планетата. Таа ја регулира секоја биолошка функција во телото. Погледнете неколку начини на кои може да ви помогне исхраната.

Овошје ако се чувствувате подуено

Можеби во таква ситуација не сакаме да конзумираме производи богати со вода, но лубеницата, краставицата или целерот се одлични и совршено помагаат за да го прочистиме системот.

Кажете „да“ на доручекот

Оние кои доручкуваат во првите два часа, откако ќе се разбудат имаат значително стабилно однесување во текот на денот и постигнуваат подобри резултати на работното место.

Конзумирајте лук

Антиоксидансите во лукот и друг зеленчук богат со сумпор го намалува создавањето на акни.

zdrava hrana 2

Додадете вишни

Неодамна спроведено истражување покажа дека оние кои саат-два пред спиењето пијат една  чаша сок од вишни, спијат подобро. Вишните содржат мелатонин, хормон кој му сигнализира на телото да заспие.

Имате проблем со ПМС

Жените кои конзумираат повеќе од 20 милиграми железо дневно имаат до 40 отсто понизок ризик од агресивни симптоми на ПМС, отколку оние кои земаат помалку од 10 милиграми.

Најдобар извор на железо се свеж спанаќ и бел грав.

Чуствителни сте на сонце

Доколку имате ваков проблем, во жешките денови ви порачуваме конзумирање на морков и лубеница. Ефектите не се веднаш забележливи, ќе забележите очигледни промени после 10, до 12 седмици.

 

 

 

- Реклама -