Audi Q6 подготвен за 2017 година

Audi планира да направи нов теренец врз основа на добро познатиот Q5 и да го пушти на пазарот во 2017 година, објави Auto Motor und Sport. Моделот ќе го добие името Q6 и ќе биде во конкуренција со BMW X6.

Теренецот ќе се произведува во фабриката на компанијата во Мексико. Тој ќе ја користи платформата и линијата мотори на следната генерација Q5, а не на Q7, како што се очекуваше. Потсетуваме дека сегашното Q5 е на платформата на автомобилите на Audi, додека Q7 е врз основа на теренецот Volkswagen Touareg и Porsche Cayenne.

169_Audi-Q7-470-2

Агрегатската понуда ќе вклучува 2,0 литарски TFSI со моќност од 217 КЅ, 3.0 V6 со 296 КЅ, 2.0 литарски дизел со моќност 190 КС и 3.0 литарски дизел V6 со моќност 294 КС. Во план е и хибридна модификација со комбинацијата од Volkswagen Touareg, како и набилдана верзија RS со турбо V8 мотор со зафатнина 4.0 литри.

Во истата година треба да видиме уште еден SUV на Audi. Тој ќе го носи името Q8 и според зборовите на Германците, ќе биде претставен на пазарот како теренска верзија на предводник Audi А8.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -