Новата генерација на Range Rover Sport наскоро ќе добие 4четирицилиндерски мотор. Ова го откри пред изданието Autoevolution главен инженер на Land Rover Стјуарт Фрит.
„Значајното намалување на тежината, за над 400 килограми, е благодарение и на вградувањето на четирицилиндерски мотор во моделот. Ако судиме според готовите прототипи, возилото останува вистински Range Rover. Тој ја задржува високата динамика и високите квалитети“, објасни Фрит.
Тој тврди дека оваа модификација на Range Rover Sport, која медиумите ја нарекоа „основно ниво“, ќе го добие истиот 2.0 литарски агрегат со кој располага и Range Rover Evoque. Моќноста му е 240 КЅ, а вртежниот момент 340 Nm. Стјуарт Фрит одби да соопшти кога точно ќе биде подготвена верзијата на Range Rover Sport со 4 цилиндри. Тој сепак откри дека на салонот во Франкфурт во септември ќе дебитира хибридна модификација на моделот.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус