Пронајден лек за белеењето на косата

Тимот научници од Универзитетот во Брадфорд откри дека луѓето чија коса оседува, развиваат голем оксидативен стрес заради акумулација на водород пероксид во фоликулите на влакното, поради што косата сама избелува од внатре кон надвор. Научниците од „School of Life Sciences“ тврдат дека собирањето на водород пероксид може да се излекува со УВБ активираните соединенија PC-KUS. Оваа постапка може да се користи и за лечење витилиг, кожна болест која се карактеризира со губење на пигментот.

„Ова е прв пат да имаме первенција против седата коса која стигнала до сржта на самиот проблем“, изјави професорката Карим Шалројтер и додаде дека она што целата работа ја чини уште поинтересна е фактот што оваа постапка е ефикасна и кај витилигото.

- Реклама -