Заборавете на кремите против стареење. Доколку сакате да го задржите младешкиот и здрав изглед потребно е само да ги избегнувате следниве намирници:
Шеќер, слатки и вештачки засладувачи
Вишокот шеќер во организмот се врзува за колагенот што доведува до тоа кожата да изгледа круто и помалку флексибилно. Губењето на еластичноста може да доведе до длабоки бори.
Сол
Солта го дехидрира телото. Тогаш стануваме уморни, а тоа негативно се одразува на нашиот изглед. Вишокот сол во организмот, исто така, може да доведе до болести на бубрезите и висок крвен притисок.
Кафе
Кафето и производите со кофеин исто како и солот го дехидрираат телото и прават да изгледаме истрошено и уморно.
Алкохол
Претераното конзумирање алкохол може да доведе до загуба на течности во телото и до појава на бори на лицето
Јаглени хидрати
Претерувањето со јаглени хидрати може негативно да влијае на влакната во кожата и колагенот