Компанијата за моторни возила Ford и Schaeffler денес го претставуваат возилото Fiesta -врз основа на е-погон, подвижно возило за истражување кое може да доведе до подобрување на градска мобилност и паркирање со создавање на можни помали, но по подвижни возила.
Со напојување од два независни електрични мотори во секое од задните тркала, технологијата со е-погон нуди простор под хаубата во кој во конвенционалните возила се наоѓа моторот и преносот, а во електричните возила е централниот мотор.
Оваа технологија може во иднина да помогне во развојот на возила за четири лица, а во кои денес има просторот само за две лица. Истовремено, дизајнот на системот за управување со е-погон може да овозможи возилата да се движат странично на паркинг простори- потенцијален пробив, бидејќи градовите стануваат се понаселени и пренаселени.
„Ова е исклучителен проект за да се работи со Schaeffler, бидејќи тој потенцијално отвора нови опции за развој на Возила со Нула Емисија со многу ефикасно паување и исклучително маневрирање“, рекол Pim van der Jagt, Ford’-овиот директор за Истражување & Напреднато Инжењерство во Европа. „ Во очекување, имаме можност да ги опфатиме способностите на возилото и на кој начин може да се надминат некои од предизвиците кои се претставени со примена на технологијата.”
Со мотори кои се во тркалата , компонентите кои се потребни за возење, забавување и технологиите за помош на возачот се инсталирани во интегриран погон на осовина на тркалото- вклучувајќи и електричен мотор, системи за кочење и ладење.
“Овој високо интегриран погон на осовината на тркалото овозможува да се преиспита градското возило без ограничувања; и може да биде клучен фактор во новите концепти за возилото и автомобилските платфори во иднина“, изјавил Peter Gutzmer, главен технички директор, Schaeffler.
Ford се вклучиле во проектот предводен од Schaeffler, водечки производител и добавувач на аутомотивни компоненти, кој се наоѓа во Германија, за да го истражат потенцијалот за идните возила кои можат да понудат и нула емисии и повеќе простор за карактеристиките како што се зоните на дополнителна заштита.
Електричните мотори во тркалата многу индустриски стручни лица ги гледаат како потенцијален, важен, иден овозможувач на технологијата за градските возила, бидејќи светот станува се понаселен и урбанизиран. Се предвидува дека до 2050 бројот на лицата кои живеат во градовите глобално би се зголемил од 3,4 милијарди на 6,4 милијарди*; а бројот на возилата ширум светот ќе се зголемат четирипати.
“Се соочуваме со предизвици на кои треба да се обратиме со тек на времето, размислување и инвестиција,” изјавил Sheryl Connelly, Ford-ов менаџер за глобални трендови и иднина. “Уште на почетокот да се види на кој начин може да се исполнат тие предизвици преку проекти на истражување како што е е-погонско движење, со кои се осигурува дека ја прифаќаме иднината на избор, а не иднина на ограничување.”
Ford ќе биде партнер со Schaeffler, Continental, RWTH Aachen и Универзитетот на Применети Науки од Регензбург,на проектот MEHREN (Електрично возило со повеќе мотори со најголем простор и енергетска ефикасност) со кој ќе се развијат две нови погонски возила до 2015 год. Проектот има за цел да ја зголеми интеграцијата на мотори во тркалата во возилото и ќе се грижи за контролата на динамиката во возилото, кочењето, стабилноста и факторот возењето –е забавно.