Суарез би можел да замине од Ливерпул

Англиските медиуми пишуваат дека Луис Суарез би можел да си замине од Ливерпул, смета дека ФА нема ист аршин за сите фудбалери.

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез доби суспензија од дури десет натпревари поради недоличниот гест кога го гризна Ивановиќ.

Ливерпул и фудбалерот се шокирани од високата казна и го чекаат писменото образложение од ФА, која треба да каже зошто додала уште седум натпревари на стандардните три суспензија за насилно однесување.

Од раководството на клубот изјавија дека сакаат да го задржат Суарез кој на почетокот од сезоната потпиша нов четири годишен договор со Ливерпул, но фудбалерот би можел да замине.

Поради навреди на расна основа Суарез доби осум натпревари суспензија, за истиот случај Џон Тери беше казнет со четири.

За гризање и поостри стартови, други фудбалери добивале многу помали казни, Суарез доби десет натпревари суспензија.

Фудбалските фанови по социјалните мрежи ја исмејуваат логиката на ФА и посочуваат примери од кој јасно се гледа дека аршинот не е ист за сите играчи.

Суарез чувствува неправда, и според медиумите почнува да ги разгледува опциите за заминување од Англија.

Како тимови кои се интересираат за неговите услуги се посочуваат Јувентус, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -