Асистентот на Тито Виланова, Жорди Роура го признава поразот и вели дека ќе дадат се од себе во реваншот за да победат.
Барселона доживеа дебакл на Алијанц Арената, никој не веруваше дека Каталонците можат со 4-0 да бидат поразени од Баерн Минхен.
Разочарувањето во таборот на Барса е големо, но Каталонците сигурно во реваншот ќе се обидат да одиграат на највисокото свое ниво и да направат чудо.
„Треба да му се честита на Баерн. Беа многу силни, супериорни во однос на нас. Тие се многу физички тим, високи и снажни” – вели Роура.
„Не одигравме толку лошо во првото полувреме, потоа тие постигнаа рано погодок во второто па работите беа многу потешки”.
„Баерн одигра одличен натпревар, нам ни недостасуваше свежина за да се натпреваруваме со нив, тоа е нешто на кое треба да поработиме”.
„Ова е лош резултат, во тешка позиција сме сега, но ние сме Барселона, ќе дадеме се од себе во реванш натпреварот и ќе се обидеме да победиме”.
Текстото е објавен во соработка со 24Фудбал