iPhone 5S ќе доцни

Извор од Тајван открил дека Apple ќе задоцни со лансирање на iPhone 5S.

Промоцијата на новиот уред би можела да биде одложена дури за јануари затоа што дошло до проблеми со новата функција на скенирање на прстот на корисникот која Apple ја воведе како замена за заштитниот систем на досегашните модели кои бараа внесување на шифра.

Покрај претстојниот iPhone 5S, се зборува за тоа дека Apple развива и поевтин модел на телефон за кинескиот и индискиот пазар, а тој модел веројатно ќе се појави во јуни.

Двата телефони ќе имаат дисплеј од 4 инчи, но поевтината варијанта веројатно нема да ја има новата функција на препознавање на отисокот од прстот, а и куќиштето ќе биде направено од поевтина пластика.

Се претпоставува дека сензорот за препознавање на отисокот ќе се наоѓа под копчето „home“, а оваа иновација е само една во низата чекори што Apple ги презема во обид да се одбрани од конкуренцијата, пред сѐ од Samsung.

- Реклама -