Panarema 2014 – Porsche за секој ден

На автосалонот во Шангај Porsche има светска премиера на новaта генерација на Panamera. Највпечатлив нов член во фамилијата е Panamera SE-Hybrid, првиот во светот хибрид во оваа класа.

Инаку, новата палета на Porsche Panamera вклучува десет модели, вклучувајќи за прв пат две луксузни варијанти Executive со продолжено меѓуоскино растојание. Има уште една премиера – апсолутно нов 3.0 литарски V6 мотор со битурбо, кој ќе се вградува во Panamera S и Panamera 4S. Потрошувачката на гориво и емисијата на автомобилите од новото семејство ги исполнува Евро 5 нормите.

415_panamera-470-2

Со новата генерација Porsche го проширува асортиманот на возила, во борба со конкуренцијата. Со оваа новина се зголемува динамичниот потенцијал, ефикасноста и удобноста на Поршеовата перјаница. Модернизираниот дизајн се одликува со изразени линии и нов распоред на панелите, кој е во склад со стилот што го наметнуваат спортските модели на Porsche.

372_panamera-470-1

Кина е втор по големина пазар за германскиот спортски гигант, по САД. Тој дури е подобар за Porsche од оној во родната Германија. Минатата година компанијата продаде на кинескиот пазар 3.205 автомобили, што е 28,2% повеќе од 2011.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -