Збогум XP, Здраво Windows 7

windows-xp-life-support-thumbb-400x318.jpg Микрософт сакаше да го „убие“ XP со години. Но, имаше еден проблем.
Корисниците одбиваа да го остават да умре. Сега, кога Windows 7 е пред
своето лансирање, Микрософт уште еднаш ќе се обиде да ја прекине поддршката за XP на 14 Април.


windows-xp-life-support-thumb-400x318.jpgМикрософт сакаше да го „убие“ XP со години. Но, имаше еден проблем.
Корисниците одбиваа да го остават да умре. Сега, кога Windows 7 е пред
своето лансирање, Микрософт уште еднаш ќе се обиде да ја прекине поддршката за XP на 14 Април.

Впрочем, Микрософт си го направија ова сами на себе. Vista беше тотална утка. Дури и сега, според истражувањата Vista држи смешни 23% од десктоп пазарот. Микрософт го игнорираше и фактот дека нивните шефови беа згрозени од тоа колку лошо работи Виста. Но, нетбуковите со линукс се појавија и исплашениот џин мораше да го врати од пензија Windows XP Home.

Сега, Микрософт сака да го „убие“ XP повторно. Прв чекор ќе биде прекинување на поддршката за XP на 14 Април. Ова значи дека ќе ве остават голи на интернет и нема да ги добивате закрпениците кои ги добивавте досега.

Втор чекор е сите да имаат можност да ја симнат бесплатната копија од Windows 7 некаде во Мај. Тајмингот е беспрекорен.

Причината зошто XP Home е популарен кај нетбуковите не е затоа што тој е подобар од Linux, туку затоа што Микрософт го дава бесплатно на дилерите на овие мали лаптопи. Но затоа што Микрософт неможе да си дозволи да ги дава беспари своите продукти, XP мора да умре што побрзо за да почнат на своите корисници да им го продаваат Windows 7.

Па, ако сте XP корисник, главата горе. Овој пат нема да добиете реприза на XP. На еден или друг начин, ќе мора да мигрирате на комплетно нов оперативен систем во блиска иднина. Микрософт сака тоа да биде нивната 7-ца, но зошто тоа да не биде и линукс оперативен систем како Fedora, openSUSE или Ubuntu? [Good-Bye XP. Hello Windows 7]

- Реклама -