Windows 7 beta – достапен за Microsoft соработниците

intro_ok.jpg Мајкрософт деновиве и официјално ја претстави бета верзијата од својот оперативен систем Windows 7 на своите блиски соработници. Сепак за пошироката јавност тој сеуште не е достапен, барем не официјално.

win7.jpgКако и што беше очекувано Windows 7 по многу нешта графички (визуелно) наликува на Vista, што не мора да значи дека перформансите се исти. Како што веќе со сигурност знаеме Vista не се критикуваше заради нејзиниот изглед туку заради перформансите кои ги покажа на малку постарите машини. Windows 7 е дизајниран да ги носи сите графички придобивки од VIsta притоа усогласувајќи многу од скриените процеси со што би требало да покаже значително зголемување на перформансите. Меѓу другото Мајкрософт ја продолжува својата заложба за поедноставување на комуникацијата кај домашните уреди, па во Windows 7 ни нуди додатни „олеснувања“ во најважните сегменти при работа со компјутери.

Како главна цел на Windows 7 се издвојува фузијата на персонален компјутер, телефон и интернет како понуда која ќе им понуди поевтина се’ во едно опција на потрошувачите. Притоа најверојатно алудирајќи на лаптопите и останатите преносни компјутери.

Julie Larison – Green  подпретседател на windows experience одделот ja презентирала поддршката за поврзување на  повеќе уреди, меѓу кои и Windows мобилни телефони. Целосно ажурирање на мрежно приклучените уреди – други компјутери, лаптопи, принтери, мобилни уреди за складирање податоци и мобилни телефони со Windows оперативен систем ќе бидат достапни со иста леснина како и локалните дискови. Презентацијата вклучила претставување на други визуелни шминки на апликациите и програмчиња кои работат во позадина, сега со можност да бидат дел од десктоп позадината.

presentation.jpg

Најмногу аплаузи добиле фелксибилните заложби Windows 7 да работи со истите драјвери како и Vista со што многуте проблеми со кои се соочија Vista корисниците се елиминирани. Додадена е и опција за виртуелни уреди (virtual drives) кои досега беа достапни преку други програми (Nero, Alcohol 120 и др.), новина е и дека овие уреди можат да имаат како фиксна така и динамичка резервирана меморија. Исто така презентацијата вклучувала и notebook PC (компјутер со претежно послаби перформанси од лаптоп) кој имал 1 GB Ram меморија, по вкључувањето на Windows 7 оперативниот систем сеуште имал повеќе од 50% од ресурсите слободни. (како забелешка да напоменам дека овие видови компјутери обично и имаат специфични оперативни системи со значително помали потреби за ресурси, не е чудо ако овој notebook имал модифицирана верзија на Windows 7препорачлива за notebook PC и изразувам резервираност во однос на реалните побарувања за десктоп и лаптоп верзијата).

Како најголем адут на новиот Windows 7 треба да биде новиот начин на кој оперативниот систем се вчитува (подигнува) имено најавеното паралелно вчитување треба значително да го забрза процесот на стартување на оперативниот систем.

windows-7.jpg

За крај мислам дека многумина сакаат да го пробаат новиот оперативен систем. Според некои информации дел од нашите блогови веќе шпекулираат со бета верзија на Windows 7 достапна за корисниците. Верзијата е 30 дневен тест примерок на Windows 7 кој најверојатно е истиот оној кој мајкрософт го понудил на своите соработници достапна тука .

- Реклама -