Ферги негира дека Руни се сели во ПСЖ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ги негира сториите кои го поврзуваат Вејн Руни со трансфер на Паркот на Принцовите.

Откако англискиот репрезентативец беше седнат на клупата за резерви на реванш натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, медиумите често шпекулираат за иднината на фудбалерот.

Вејн Руни силно се поврзува со преселба во ПСЖ, а поранешниот советник на ’Светците’, Мишел Мулин минатата недела истакна дека трансферот на напаѓачот на Паркот на Принцовите е веќе договорен.

Сепак, зборувајќи на денешната прес конференција, Сер Алекс Фергусон ги отфрли ваквите стории.

Запрашан дали има вистина во гласините кои велат дека Руни би можел да се пресели во ПСЖ, менаџерот на Манчестер Јунајтед рече: „Мислам дека нема ништо во сето тоа”.

Англискиот репрезентативец беше заменет на дуелот со Вест Хем во средата и тоа само придонесе медиумите одново да шпекулираат дека Ферги полека го губи трпението со напаѓачот.

Но Шкотот вели дека одлука да го извади Руни од игра била само поради тактички причини.

„Што се однесува до замената на натпреварот во среда, едноставно е, тој не играше доволно добро како Шинџи Кагава”.

„На голем број натпревари Руни игра подобро од останатите, но против Вест Хен, Шинџи играше навистина добро”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -