Вучиниќ: Соблекувањето беше спонтано

Некои фудбалери ги соблекуваат дресовите кога ќе дадат гол, но Вучиниќ ги соблекува шорцевите, тоа се случи и на натпреварот против Пескара.

На Црногорецот не му е прв пат да ги соблече шорцевите, тоа му се има случено и на натпревар со неговата репрезентација, но и на дуел во дресот на Рома.

Вучиниќ вели дека спонтано му доаѓа да го направи тоа.

„Тоа беше спонтано. Се почувствував така и го направи тоа” – изјави Вучиниќ.

„Најважно е тоа што победивме и освоивме три значајни бодови, па сите се среќни. Сега се надеваме на победа против Баерн Минхен”.

564-vucinic-1 565-vucinic-2 566-vucinic-3

Тесктот е објавен во 24Фудбал.

Прочитајте и:  Еквадорскиот фудбалски репрезентативец Ангуло почина на 23 години
- Реклама -