Google ќе го ограничи бројот на бесплатни вести

google_231509S1Се чини дека Google сепак попушти под притисок на австралискиот медиски магнат Руперт Мердок и другите сопственици на новинарските изданија. Така во иднина на нивните корисници ќе им биде ограничен бројот на вести кои ќе можат да ги прочитаат на нивната веб страница.

google_231509S1Се чини дека Google сепак попушти под притисок на австралискиот медиски магнат Руперт Мердок и другите сопственици на новинарските изданија. Така во иднина на нивните корисници ќе им биде ограничен бројот на вести кои ќе можат да ги прочитаат на нивната веб страница.

Претставниците на Google порачаа дека ќе почнат да ги менуваавт поставките на програмата First Click Free, така што читателите нема да можат да прегледаат повеќе од пет страници дневно. Оние кои сакаат да прочитаат повеќе од тоа ќе бидат пренасочени на процедурата за плаќање на овие услуги и регистрација.

„Доброто новинарство е скап прозвод“, изјави 78-годишниот Мурдок учествувајќи на дводневниот состанок чиј домаќин е Federal Trade Commission (FTC) и најави воведување на плаќање за читањето на медиумите на интернет. Загрижен заради лошата финансиска состојба на печатените медиуми во времето на експанзија на интернетот, истакна дека е потребно да се убедат корисниците дека квалитетните и доверливите вести не доаѓаат бесплатно.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Мурдoк претходно најави дека ќе се користи со правни методи за да го спречи Гугл да ги „краде вестите“. Со соработката на News Corp со Microsoft, компанијата се обидува да го промовира и да го зајакне својот пребарувач Бинг.

Arianna Huffington,коосновачот и извршен уредник на Huffington Post, го обвини Мурдок и другите новинарски издавачи за обезвреднување на дигиталните достигнувања и ги повика да престанат да кукаат врз судбината на печатените медиуми. „Кога компанијата ќе ги изгуби своите клиенти, раководителите ќе се обидат да сфатат што се случило и ќе се потрудат да најдат начин да ги вратат назад. Но тоа не е случај и со медиумите. Новинарските магнати порадо би ги обвиниле другите дека им ги крадат содржините.“ – изјави таа за AFP.

- Реклама -