Видео што предизвика бурни реакции во јавноста

Видеото што на YouTube го постави корисник потпишан како „fero061982“ предизвика бурни реакции во јавноста и покрена расправа за семејното насилство и положбата на жртвите, но и за автентичноста на снимката.

На симката, што го носи називот „Една фотографија дневно во најлошата година во животот“, се прикажани 365 фотограии на девојка која во минута и 20 секунди се трансформира од насмеана личност во жртва на семејно насилство.

Девојката на крајот на видеото држи хартија со порака: „Помогнете ми. Не знам дали ќе го дочекам следното утро“, додека во описот на видеото пишува „Годината во која бев злоставувана. Ве молам помогнете ми“.

Гледачите заклучиле дека станува збор за добро смислен спот за кампања која укажува на проблемите на насилството над жените, а автентичноста уште не ја потврдила ниту една организација за заштита од семејно насилство.

[youtube]http://youtu.be/Ertu9_MhFiM[/youtube]

- Реклама -