Де Лаурентис бара 70€ милиони за Кавани

Репрезентативецот на Уругвај се поврзува со Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ, но ’Наполитанците’ нема лесно да се откажат од својата најголема ѕвезда.

„Кавани знае колку е ценет и сакан во Наполи” – рече Де Лаурентис. „Не само поради головите што ги постигнува, туку и поради тоа што е сериозен и пристоен”.

„Во неговиот договор има клаузула. Доколку некој лудак е спремен да одвои 70 милиони евра, сума што коренсподира со 63 милиони нето за нашиот клуб, тогаш сме подготвени да слушаме”.

„Но Кавани го има последниот збор”.

„Кој може да си го дозволи ова? Има клубови со големи приходи како Барселона и Реал Мадрид“.

„Исто така има и клубови кои се расфрлаат со пари и покрај тоа што немаат толку големи приходи, го прекорачуваат буџетот и ги прекршуваат правилата за финансиски фер плеј”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -