ФА Куп: Сити во полуфиналето ќе го чека подобриот од Јунајтед – Челзи

Манчестер Сити ќе игра со Манчестер Јунајтед или Челзи во полуфиналето од ФА Купот.
Вчера беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари од ФА Купот.

Манчестер Сити кој со убедливи 5-0 го совлада Барнсли, ќе игра против подобриот од Челзи и Манчестер Јунајтед кои денес на Олд Трафорд одиграа 2-2, па ќе играат повторен натпревар.

ФА Куп 1/2 финале:

Милвол/Блекбурн – Виган
Манчестер Јунајтед/Челзи – Манчестер Сити

Натпреварите се играат на 13/14 април на Вембли.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -