Корејките изгубиле зашто ги удрил гром? (видео)

Корејките изгубиле зашто ги удрил гром? (видео)Во првиот меч од Светското првенство за жени помеѓу Демократска Република Кореја и САД, Севернокорејките загубиле по двата лесно примени гола во второто полувреме, откако во првото давале силен отпор. Објаснувањето за поразот што го дал тренерот е повеќе од зачудувачко.

Според неодамнешното „независно и објективно“ истражување напревено во Пјонгјанг, ДР Кореја е најсреќното место, додека Американската Империја убедливо најнесреќното место за живеење. Сепак, во нивниот меѓусебен меч на фудбалското првенство за жени, Американките ја однеле победата со 2:0. На прес-конференцијата по мечот, се очекувало тренерот да се задржи на просечната возраст на тимот што е најниска на турнирот (само 20 години), но тој дал многу подобро објаснување за поразот.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

Според Кванг Мин Ким, додека неговиот тим тренирал во Пјонгјанг, девојките биле удрени од гром и неколку од нив завршиле во болница. Најпогодени биле чуварката на голот и одбранбената четрворка, како и некои играчи од средниот ред. Физиотерапевтот рекол дека тие не се способни за натпревари, но нивната силна волја ги натерала од болницата да долетаат во Германија и да се натпреваруваат. Фактот што играле бил абнормален и резултат на силната волја.

На фудбалерките не им било дозволено да проговорат на прес-конференцијата.
{youtube}IOCNl7Psw7I{/youtube}

- Реклама -