35 нови рекорди на Лондонскиот маратон

маратонецПомина уште еден Лондонски Маратон, и иако секој учесник се стремел кон подобрување на сопственото најдобро време, малкумина би се надевале на постигнување светски рекорд. Но, тоа е нивна грешка. Во овогодинешното издание на Virgin London Marathon биле остварени дури 35 нови Гинисови Светски Рекорди.

Натпреварувачите оствариле рекорди во категории како најбрзо завршен маратон на патерици или најмногу решени рубикови коцки во тек на еден маратон. Други луди категории се и најбрзо време постигнато во костум на суперхерој, најбрз маратон со ранец од 27 килограми и најмногу собрани пари за добротворни цели. Еве само дел од новите рекорди:

Рекорди за најбрзо завршен маратон:
Во костум на суперхерој – Дејвид Стоун – 2 часа, 42 минути и 46 секунди
Во униформа на медицинска сестра – Кевин Харви – 2 часа, 52 минути и 26 секунди
Во полициска униформа – Пол Суан – 3 часа, 9 минути и 52 секунди
Облечен како самовила – Дејвид Хелард – 3 часа, 10 минути и 56 секунди
Облечен како дворски шут – Александер Шерц – 3 часа, 11 минути и 57 секунди
Облечен како Викинг – Бен Афорселес – 3 часа, 12 минути и 11 секунди
Со гас маска – Енди МекМејхон – 3 часа, 12 минути и 11 секунди
Облечена како самовила – Емили Форан – 3 часа, 20 минути и 52 секунди
Облечен како калуѓерка – Бен Бредли – 4 часа и 28 секунди
Со ранец од 18 килограми – Ли Рајли – 4 часа, 1 минута и 17 секунди
Облечен како римски војник – Лес Слин – 4 часа, 5 минути и 34 секунди
Со ранец од 27 килограми – Карл Криси – 4 часа, 50 минути и 56 секунди
Маратон завршен со патерици (натпреварувач кој има една нога) – Џон Сендфорд Харт – 6 часа, 24 минути и 48 секунди

Други рекорди:
Најмногу завршени маратони на патерици – Џон Сендфорд Харт – шест маратони
Најмногу решени рубикови коцки во маратон – Ули Килиан – 100 коцки во 4 часа, 45 минути и 43 секунди
Најмногу собрани пари за добротворни цели – Стив Чалк – сè уште не е позната конечната сума, но над 1,8 милиони фунти

- Реклама -