Тројна ротација на Торстен Хоргмо (видео)

трикТорстен Хоргмо во петокот вечерта стана првиот сноубордер во историјата X Games на кој му успеала тројна ротација. Трикот беше успешно изведен на неговиот последен обид и му донесе златен медал. Дел од присутните на настанот кој се одржа во Аспен, Колорадо го оценија трикот како еден од најдобрите во историјата на X Games.

Она што го прави овој трик уште поимпресивен е фактот што Хоргмо успешно го изведе и покрај тоа што настапувал со скршени ребра. „Тоа најверојатно беше најглупавото нешто што сум го направил во животот. Додека го правев трикот нешто не беше како што треба. Скокот не беше соодветен за тој трик.“

{youtube}cJSzjCJ21CQ{/youtube}

- Реклама -