Марат Сафин ќе се искачува на Хималаите

1268_713676094Русинот Марат Сафин ќе се обиде да се искачи на шестиот највисок планински врв во светот, што ќе претставува свеж предизвик за поранешниот светски рекет број еден, кој, по се' изгледа, поради ова ќе отсуствува од полуфиналниот дуел со Германија во Дејвис купот за десетина дена.


1268_713676094_atwi05_h191721_lРусинот Марат Сафин ќе се обиде да се искачи на шестиот највисок планински врв во светот, што ќе претставува свеж предизвик за поранешниот светски рекет број еден, кој, по се' изгледа, поради ова ќе отсуствува од полуфиналниот дуел со Германија во Дејвис купот за десетина дена.

Сафин е дел од осумчлена руска експедиција, која денеска треба да го почне походот на врвот Чо Оју, висок 8.201 м, на границата меѓу Непал и Тибет.

„Ова е интересно искачување, за кое тој имаше многу добри физички подготовки“, изјави Анг Черинг Шерпа, шеф на Непалската планинарска асоцијација. „Тој е млад и енергичен, иако искачувањето е голем предизвик. Се надевам дека ќе успее“.

Прочитајте и:  За македонското знаме во собата на Федерер

Целата операција се очекува да трае повеќе од еден месец, поради што Сафин ќе го пропушти и турнирот во Мумбаи, кој почнува на 24 септември, односно еден ден по мечот во Дејвис купот.

Водачот на експедицијата Александар Абрамов изјави дека успехот би го зголемил угледот на освојувачот на два гренд-слема.

„Се надевам дека на своите многубројни победи во тенисот Марат ќе додаде уште една победа на шестиот највисок врв во светот“, вели Абрамов.

Сафин, кој победи на Австралија опен во 2005, се мачеше со слабата форма и со повредите од тој триумф наваму, а неговиот последен меч беше поразот во второто коло на годинашниот Ју-ес опен. виа.

- Реклама -