Дали вашето CV е соодветно за Google и Apple?

Гејл Лакман Мекдауел кој има работено за Apple, Microsoft и Google, напишал книга со совети како да дојдете до работа во овие големи IT компании.

Како што пренесува „Business Insider“ тој издвојува девет главни работи на кои големите компании особено посветуваат внимание во биографиите на кандидатите за работа.

1.Ако имаш диплома од престижен универзитет, твоите шанси да те викнат на интервју за работа растат.

2.Google и Apple сакаат да видат релевантно работно искуство. Ако сте работеле како келнер кога сте имале 19 години, тоа никако не е атрактивно.

3.Твоето главно занимање. Слободни уметници, хемиски инженери, извинете, ама мора да најдете друг начин за да влезете во Google и Apple. Од друга страна, сметководителите, експертите за финансии, маркетинг или информатика имаат поголеми шанси да бидат забележани од административните служби.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

4.Големите технолошки компании сакаат да видат луѓе кои го враќаат долгот на своите заедници.

5.Исто така, преферираат добри говорници и комуникативни личности.

6.Ако имаш пријателски односи со факултетските професори, тоа е предност.

7.Покажи дека ги разбираш работните позиции внатре во компанијата.

8.Лицата со претприемачки дух имаат подобри шанси за вработување.

9.Добра вест:просекот од факултет не е толку важен.

 

- Реклама -