На прес-конференција во рамките на АСУЦ „Боро Петрушевски“ беа претставени осумте финалисти за Автомобил на годината во Македонија за 2013.
Како што беше потенцирано пред новинарите и големиот број гости, како и претставници на импортерите, пред жирито е последната фаза од годинашниов циклус на изборот и за неколку дена ќе биде познато кому ќе му припадне 18-тата титула.
Во мртва трка за блескавото признание, стилизираната маска, во годинашниов избор се: Dacia Lodgy, Great Wall Hover H5, Kia Optima, Mercedes A класа, Mitsubishi Outlander, Peugeot 301, Seat Leon и Honda Civic.Кој од финалистите ќе освои најмногу гласови од членовите на жирито, ќе стане и носител на престижната титула. Исто така, ќе се знае и кој ќе го понесе признанието за SUV на годината, кое ќе биде доделено на најистакнатиот претставник од оваа сé попопуларна категорија возила, како во светот, така и кај нас.
Годинешниот избор на автомобил на годината се одржува 18-ти пат, а досега оваа титула кај нас ја понеле: Fiat Bravo/Brava (1996); Renault Megane (1997); Opel Astra (1998); Škoda Octavia (1999); Fiat Punto (2000); Seat Leon (2001); Toyota Corolla (2002); Mazda6 (2003); Mazda3 (2004); Seat Altea (2005); Volkswagen Passat (2006); Opel Corsa (2007); Kia Cee’d (2008); Volkswagen Golf (2009); Opel Astra (2010); Hyundai ix35 (2011); Kia Rio (2012).
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.