Тим од научници развиле автомобил кој може да биде управуван само со мислите. Возачот поставува специјален приемник на главата – оригинално создаден за видео игри – има сензори поврзани со електрониката преку безжична технологија. Сè што треба да направите е да „мислите“ лево или десно и побрзо за автомобилот да ве послуша.
Автомобилот е развиен од тим германски научници кои го тестираат прототипот за да видат дали еден ден би можел да биде дел од сообраќајот. Технологијата наречена BrainDriver функционира со автомобил опремен со видео камери, радари и ласерски сензори кои создаваат целосна 3D слика за околината.
Возачот ја поставува својата специјална капа со 16 сензори која ги детектира електромагнетните сигнали на мозокот. Сигналот потоа е интерпретиран од компјутер кој може да биде истрениран да ја разбере разликата помеѓу различните шаблони кои значат лево и десно. Во еден од тестовите возачот успеал да изведе вртење на десно, со мало задоцнување помеѓу сигналот и изведбата.
{youtube}iDV_62QoHjY{/youtube}
Во друг тест автомобилот бил истрениран да распознава четири шаблони, што му овозможило на возачот да забрзува и успорува. Проектот бил креиран од AutoNOMOS тимот, дел од Artificial Intelligence Group од Freie Universität во Берлин. Пред да се посветат на овој систем тие тестирале и систем за управување преку iPad и систем за управување со помош на очите. Истражувачите додале дека овој автомобил е само концепт и дека има уште многу работа пред да можеме да контролираме машини со нашите мозоци. [Scientists unveil car that can be driven just by THINKING]