Светот во мрежата на местените натпревари

680 натпревари во 30 земји се сомнителни. Во истрагата се прегледани 13 илјади мејлови, идентификувани се 435 осомничени, додека 50 луѓе се уапсени.

Само во Германија, на наместени натпревари во кладилниците се уплатени 16 милинои евра, а добивките изнесувале преку 9 милиони евра. На оние кои биле вклучени во измамите им биле исплатени околу 2,5 милиони евра провизија.

„Тоа е дело на организиран криминал со седиште во Азија кој соработува со криминалните мрежи во Европа“, изјави директорот на Европол, Роб Вејнврајт и нагласи:

„Ова е најголемата истрага за местење натпревари во историјата која донесе одлични резултати, но укажа и на огромен проблем за интегритетот на европскиот фудбал. Откривме сериозна криминална мрежа“.

Седиштето на оваа злосторничка организација е во Сингапур, но германската поливија, која учествуваше во истрагата, ја опиша како глобална мрежа за која куририте по светот носеле мито во износи до 100 илјади евра по натпревар, со кои се плаќале судиите и играчите.

Токму во Германија се откриени најмногу случаи:14 луѓе се осудени на вкупно 39 години затвор. Како последица на истрагата, дојде до судски пресуди во Словенија, Австрија, Финска и Унгарија. Во овие земји аферата зема замав поради тоа што членовите на злосторничкмата организација од разни делови во светот биле задолжени за своите „сектори“, секако под капа на сингапурскиот „capa dei tutti capi”.

Лазло Ангели, унгарски обвинител, открива дека десна рака на сингапурскиот бос бил Унгарец. Негова должност била да ги држи под контрола судиите сонародници, односно мечовите што ги водат ширум светот, да ги насочуваат „како што вели коефициентот“. Тогаш на сцена стапува Азија, каде што се вршат уплати на договорените исходи преку Интернет или телефонски преку bookmaker затоа што на Далечниот Исток се прифаќаат кладби на парови кои во Европа се блокираат или воопшто не се во понудата, токму поради сомнителноста.

[youtube]http://youtu.be/vC_foMrwbpQ[/youtube]

 

Како што може да видите на видеото, на натпреварот меѓу Аргентина и Боливија, која во 2010 година ја судеше унгарски судија и која Европол ја истакна како сомнителна,полесно е да се допре до еден судија, отколку до неколку играчи.

Снимката покажува дека досудениот пенал може да се оцени како „слободна проценка на судијата“.

- Реклама -