На официјалниот веб-сајт на Volkswagen R GmbH започна одбројување до премиерата на новиот VW Golf R, која треба да се одржи на 11 февруари.
Возилото е наречено „frozen beast“ (замрзнатиот ѕвер), а како метафора, истото е сокриено зад „замрзнато стакло“, кое на секој час се одмрзнува и може да се види „ѕверката“.Првично Германците ќе покажат само прототип на моделот, додека официјалната премиера, најверојатно, ќе биде за време на салонот во Франкфурт.
Очекувањата се Golf VII R да смета на истиот агрегат, со кој е екипирн Audi S3. Тоа е 2.0 литарски, четирицилиндерски мотор со моќност од 290 КЅ и вртежен момент од 380 Nm. Менувачoт најверојатно ќе бидe 6-степен мануелен или автоматски со две спојки.Благодарение на моторот и новиот систем за погон на сите тркала, како и универзалната платформа MQB, возилото ќе биде доста побрзо од својот претходник.
Се очекува новиот Golf R да забрзува од 0 до 100 km/h за под 5 секунди, а максималната брзина му е ограничена електронски на 250 km/h.
Текстот е објавен во соработка сo Авто плус.