Минатата недела, во фабриката на Mercedes-Benz во Кечкемет, Унгарија, започна производството на новиот модел CLA. Првите испораки на клиентите кои веќе нарачаа Mercedes CLA, чија основната цена е 29.000 евра, ќе бидат реализирани веќе во април.
Mercedes CLA доаѓа со богата гама бензински и дизел агрегати, максималните капацитети се од 122 до 211 коњски сили. Сите бензински и топ дизел варијанти ги исполнуваат барањата на Euro 6 стандардите. Стандардниот менувач е шестстепен механички, а како дополнителна опрема се нуди седумстепена роботизирана трансмисија.
Текстот е објавен во соработка сo Авто Плус.