Посвојте дете робот

deterobot_pCB2 (Child Robot with Biomimetric Body), односно робот дете со
биомиметричко тело, е името на роботот кој минатата недела беше
претставен на универзитетот во Осака. Станува збор за 1,3 метри висок
робот, тежок 33 килограми и опремен со оптички, аудио и тактилни
сензори, на чијшто развој веќе некое време работи јапонската Агенција
за наука и технологија.


deterobotCB2 (Child Robot with Biomimetric Body), односно робот дете со биомиметричко тело, е името на роботот кој минатата недела беше претставен на универзитетот во Осака. Станува збор за 1,3 метри висок робот, тежок 33 килограми и опремен со оптички, аудио и тактилни сензори, на чијшто развој веќе некое време работи јапонската Агенција за наука и технологија.

Телото на роботот го придвижува 51 мотор на компримиран воздух, што му овозможува изведување на комплексни движења. Околу 200 чувствителни сензори распоредени се по "кожата" на CB2, кои на дразби од околината одговара со трепкање и менување на изразот на лицето.

Прочитајте и:  Повеќе од 40 отсто од јапонските компании не планираат да користат вештачка интелигенција

Роботот има физички способности на дете старо меѓу една и две години, така што за станување и свртување му е потребна помош. Неговата маана е што е многу грд, исклучително грд – има низа ликови од хорор филмовите со кои со поголемо задоволство би се сретнале отколку со CB2.

Оттука тешко дека ќе стане дел од секој просечен дом, ако дизајнерите не се потрудат барем малку да заличи на малиот Дејвид од филмот на Спилберг Artificial Intelligence: AI.

виа.

- Реклама -