Претставен најтенкиот таблет во светот

Компанијата Sony го претстави во Барселона најтенкиот таблет компјутер во светот Xperia Z, кој е широк само 0,27 инчи (6,9 милиметри).

Таблетот Xperia Z, според спецификациите, е потенок од таблетот на Apple, iPad Mini, за 0,01 инчи, иако има поголем екран од 10,1 инчи. И овој производ на комоанијата Sony работи на оперативниот систем на Google, Android.

Освен истакнувањето на тоа дека е најтенок таблет во светот, компанијата Sony се пофали со податокот дека Xperia Z и најлесниот таблет со оглед на својата големина – само 496 грама. До сега тој рекорд го држеше Toshiba со таблетот Excite 10 LE.

tablet

Xperia Z е отпорен на вода и прав, има слична дополнителна пластична заштита каква што претходно беше претставена на истоимениот модел на смартфон. Овие два уреди се креирани за заедничка употреба што носи бројни предности како размена на фајлови со напредната „one-touch sharing“ технологија.

„Успехот на овој таблет многу ќе зависи од тоа колкава ќе биде неговата ценакако и од тоа дали компанијата Sony за него ќе обезбеди содржини од својата палета на музички, филмски и програми за видео игри“, смета Дејвид Меквин, аналитичар од компанијата „Informa Telecoms and Media”, додавајќи дека конкуренцијата на таблетите е се поостра.

Xperia_tablet

Покрај промоцијата на овој таблет, компанијата LG го претстави својот петинчен таблет Optimus G Pro. Иако двата таблети вчера беа претставени само во Јапонија, се очекува да се најдат во продажба во февруари.

Во Барселона од 25 до 28 февруари се одржува Светскиот конгрес на мобилна технологија, што е добра прилика за претставување на нови модели на големите компании.

Samsung веќе најави дека ќе го претстави својот нов Galaxy Note таблет од осум инчи.

- Реклама -